Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Актерката Хали Бери го прослави 52-от роденден со своите пријателки на доста необичен начин – со борба со торти, а дел од атмосферата на забавата ја сподели и на Инстаграм.
Пред забавата, Бери објави жешка и провокативна фотка на Инстаграм на која позира со мокра маица во заводлива поза, докажувајќи дека уште има тело и сексапил со кои им пркоси на годините.
Роденденот го помина со стилистката Линдзи Флорес и основачката на магазинот „Tonal“, Зарна Сурти. Се гаѓаа со торта и се мачкаа по лицата една со друга.
Роденденот ѝ го честиташе и Вил Смит и тоа на доста забавен начин, со фотка на која ги споил своето и лицето од Хали.