Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако е навлезен во возрасна доба кога слободно може да си даде оддишка од актерската работа и едноставно да ужива во животот, Раде Шербеџија воопшто не е на таа „пасивизирачка“ фреквенција.
Познатиот хрватски и холивудски актер работат со полно работно време и додека овие денови се очекува американската премиера на неговиот нов филм „Ангел Чувар”, тој работи во театарот во Загреб.
Филмот “Ангел Чувар” е психолошки трилер врз основа на вистинска приказна за неверојатна серија убиства под хипноза што се случуваат во Данска во педесеттите години на минатиот век.
Додека ја чека премиерата актерот, во режија на неговата сопруга Ленка Удовички ја подготвува новата верзија на познатата драма “Кој се плаши од Вирџинија Вулф?”. Претставата ќе биде премиерно изведена летово пред публиката на островот Бриони во Театарот Одисеј.
За новиот филм “Ангел Чувар”во режија на Артур Халонен, вели дека е многу интересен . Неговиот лик, психијатарот д-р Дабровски и помага на полицијата да го откријат монструмиот кој со хипноза прави серија ужасни злосторства. Филмот, кој главно беше снимен во Загреб, веќе имаше премиера во Данска и Шведска. Шербеџија со голема радост ја очекува премиерата на филмот пред милионската публика во САД. Тој вели дека темата за хипноза е особено интересна.
„Како занесот од минатото, што е исто така, хипнотичка состојба. Ние не сме хипнотизирани, ние сме манипулирани. На поранешната Југославија, исто така, можеше да се примени концептот на колективна хипноза, но тоа беше хипниоза со среќа. Верувањето во подобар живот, еднаквост, изградба на железници, изградба на новиот систем, хипноза визија и идеја … Тоа беше интоксикација со идејата за подобар живот, како што беше за сиромашните и за работниците“ – вели Раде за хрватските медиуми, кој никогаш не ја криел својата верност кон идејата на социјализмот.