Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сопругот на британската кралица Елизабета Втора, 99-годишниот принц Филип, бил примен во болница во Лондон заради претпазливост бидејќи не се чувствувал добро, соопшти Бакингамската палата.
Изворите од кралската палата кажаа дека војводата од Единбург со автомобил дошол во болница, каде што лекарите решиле да го задржат. Тој не се чувствувал добро неколку дена, што не е поврзано со коронавирусот. Тој и кралицата минатиот месец примија вакцина против ковид-19.
„Принцот е во болница, но во добро расположение. Се очекува да остане неколку дена“, кажаа од палатата.
Принцот Филип во јуни треба да го прослави 100. роденден.