Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Пред 13 години, младиот Марк Закерберг, кој тогаш имаше само 19 години, се вклучи во емисијата Bullseyes на CNBC, за да го објасни концептот на својата платформа The Facebook.
Тогаш социјалната мрежа беше многу поинаква, помала, а во името го имаше и членот the, кој беше исфрлен во 2005 година. Тешко кој можеше да претпостави тогаш во што ќе прерасне Фејсбук, но самиот водител Дилан Ретиган, тогаш се запраша дали тоа е следната голема ствар.
Видно возбуден поради камерите, Закерберг се пофали дека тогаш, неколку месеци после лансирањето, очекувале дека ќе имаат 400 или 500 членови. Меѓутоа, Фејсбук набрзо го надмина бројот на студнети на Харвард. Во моментот кога Марк го даваше ова интервју, неговата мрежа имаше повеќе од 100.000 корисници.
Скромни цели
Закерберг тогаш се надеваше дека за својата социјална мрежа ќе успее да заинтересира многу други факултети. Некаква цел им беше да додадат 100 или 200 факултети, после што планираа да лансираат и други апликации кои дополнително ќе требаше да ги заинтересираат луѓето и да ги натераат да се вратат. Фејсбук успешно продолжи да се развива и да се шири, па денес има над 2 милијарди корисници.
Шефот на Фејсбук својата страница ја опиша како „онлајн директориум кој ги поврзува луѓето од универзитетите и факултетите“.