Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Човечки е, доблесно е и добро е да бидеш херој, да спасиш нечиј живот, ако треба и да ризикуваш за да се куртули некој друг.
Според Muenchner Merkur, 41-годишниот возач Манфред Кик го возел своjoт Тесла Модел S кога забележал како човек во Фолксваген вози опасно по патот во близина на Минхен, Германија. Кога Кик забележал дека другиот возач е во несвест, излегол со својот автомобил пред Фолксвагенот и полека почнал да кочи откако возилото удрило во неговиот Тесла Модел С, додека двете возила не запреле со движење.
Потоа влегол во Фолксвагенот и му дал прва помош на возачот, додека други луѓе запреле покрај нив и повикале Брза помош. Возачот кој бил во несвест доживеал срцев удар за време на возењето, а потоа бил префрлен во болница каде состојбата му била стабилизирана.
Добронамерната приказна би завршила со висока штета за Кик од 10.000 евра во комбинирано обештетување на двата автомобили, но тука на сцена настапува Елон Маск, која приказната ја споделил на Твитер и се понудил неговата компанија Тesla да ги покрие трошоците за поправката без никаков надоместок.
Congrats to the Tesla owner who sacrificed damage to his own car to bring a car with an unconscious driver safely to a stop!
— Elon Musk (@elonmusk) February 15, 2017
Германската полиција изврши формална истрага против Кик, што е стандардна процедура после секоја несреќа. Како и да е, според изјавата на полициските лица, поголема е веројатноста дека тој ќе добие награда за неговата храброст отколку било каква казна.
Congrats to the Tesla owner who sacrificed damage to his own car to bring a car with an unconscious driver safely to a stop!
— Elon Musk (@elonmusk) February 15, 2017