Го згрешила „уметникот“: Кога ќе се покаеш веднаш после тетовирањето


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Канјарт Чаучан е 26-годишна девојка која на социјалните мрежи објави фотографија од своите нови, штотуку тетовирани веѓи, но не за да се пофали, туку за да се пожали.

Целта на нејзината објава била да ја крене свеста кај другите девојки да внимаваат доколку планираат да прават вакви козметички работи на своите лица, да не направат грешка како неа и да го одберат погрешниот „мајстор“ за тетовирање.

Девојката од Тајланд се помирила со своите веѓи за кои не можела да помисли на корекција бидејќи немала финансии.

Но, за нејзината несреќа слушнала една козметичарка која се сожалила за девојката, па се понудила да го реши тој нејзин проблем со ласерски третман вреден 1.000 долари, целосно бесплатно.

„Ова е екстремен случај на лошо направени веѓи. Ќе дадам се од себе да ги поправам, но резултатите ќе се видат дури за неколку месеци“, рекла козметичарката додавајќи дека ги моли девојките пред вакви третмани добро да ги проверат претходните креации на лицата на кои им ја даваат својата доверба.