Го затвориле во ќелија со педофил кој му ја силувал сестричката – го претепал до смрт како одмазда


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Пред четири години Шејн Голдсби, по потекло од американската држава Вашингтон, украл полициско возило и завршил во затвор. Во затворот го сместиле во иста ќелија со педофилот Роберт Мунгер кој ја силувал неговата малолетна сестра.

Голдсби го убил Мунгер и добил дополнителни 25 години затвор. „Го претепал до смрт“, пишува New York Post. Според судските записи, 26-годишниот Голдсби го нападнал 70-годишниот Мунгер одзади во дневната соба за затвореници и го удрил 14 пати, по што го удрил уште четири пати во главата.

Мунгер отслужувал 43-годишна затворска казна за педофилија и силување деца. Голдсби изјавил дека полудел откако Мунгер почнал да го исмева и кажувал детали за тоа како ја силувал неговата сестра.

„Ми се случуваше толку многу во главата. Не бев сам. Не престана да зборува за тоа што и правел на сестра ми и за фотографиите и видеата што постојат за тоа и мене почна да ми зоврива “, рекол Голдсби. Тој конечно му се извинил со писмо на семејството Мунгер.

„Не можам да замислам како е да се изгуби сакана личност на овој начин. Сакам да се извинам на неговата сопруга и на целото семејство и се надевам дека ќе можат да ги залечат раните што им ги нанесов”, напишал Голдсби.