Вебкафе

Го запреа времето во Европа: Косово и Србија се виновни за ОВА

Намалената фреквенција во европската електрична мрежа предизвика доцнење на многу дигитални часовници во Европа, што претставува настан без преседан, изјавија од Европската асоцијација на операторите на електродистрибутивните мрежи.

Според Асоцијацијата со седиште во Брисел, причина за отстапувањето од стандардната фреквенција на струјата во Европа од 50 херци, е недоволното снабдување со електрична енергија од реонот на Косово и Србија, што е предизвикано од политичкиот спор меѓу двете земји. Станува збор за недостиг на струја од 113 гигават часови.

Асоцијацијата посочува дека овој проблем започнал кон средината на јануари и досега е проширен на 25 европски држави – „од Португалија до Полска и од Грција до Германија“.

Поради намалувањето на фреквенцијата на струјата електричните часовници доцнат по околу шест минути, се наведува во соопштението.

Асоцијацијата уверува дека работи на изнаоѓање техничко решение за проблемот и дека за неколку недели „системот ќе се врати во нормален режим на работа“.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top