Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Настанот се случил вчераутро во 6 часот, на улица Стив Наумов во Охрид, кога нападнатиот З.Ќ. затекнал две непознати лица како спијат во неговата плевна.
Во тој момент еден од сторителите, за кои се претпоставува дека се сириски мигранти, му се заканил со пиштол и со пластични врвки му ги врзал рацете.
Откако го заврзале, му одзеле приврзок со клучеви, велосипед и еден дуксер и побегнале во непознат правец.
З.Ќ. бил пронајден во 7 часот и 15 минути, без никакви повреди.
Службите преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.