Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сите кои се шетаат по улицита на англиски Њукасл, можат да наидат на Оџеј (а.к.а. Стивен Оливер Џонс), како лудува на својата бас гитара, свирејќи музички вратоломии кои нема да ви се верува дека се можни на овој инструмент. Поради оваа негова „басерска“ вештина го викаат Џими Хендрикс на бас гитарата.
Оџеј научил да свири бас гитара без многу вложување на труд и напор. Пред многу години, тој свиреше во Dusty Junkys, рап-рок бенд во Манчестер, пред да се пресели во Њукасл и да му даде шанса на уличниот перформанс како дисциплина и израз на музичката креативност.
За него таканареченото busking е начин да заработи доволно кеш за живот, истовремено создавајќи си креативен простор за континуирано импровизирање и развивање на нови музички идеи.