Го викаат „чеченскиот Шварценегер“: Направи 4.445 склека и освои стан за семејството


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ибрахим Лијанов од Русија е 6-годишно момче кое е вистинско светско чудо кога станува збор за физичка подготвеност и сила на негови години.

Во својата земја малиот Ибрахим е познат како „чеченскиот Шварценегер“ кој во неговиот нов подвиг, за само два часа без секунда одмор успеа да направи неверојатни 4445 склека.

Со ова фантастично остварување 6-годишниот Лијанов освои стан за себе и семејството и запишување во руската книга на рекорди.

Ибрахим доби стан од локалниот спортски клуб во кој тој секојдневно тренира со својот татко, пренесе „Дејли хунт“ .

Минатата година едно петгодишно момче освои нов автомобил „Мерцедес“ откако без пауза успеа да направи 4105 склекови.