Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Hyperion XP-1 важи за вонземјанин меѓу спортските автомобилите. Овој модел беше претставен минатото лето, а сега можел да се види на улиците на Лос Анџелес.
Маскираната надворешност привлекува внимание каде и да се појави, а покрај него, Ferrari изгледа здодевно. Така е, на една фотографија може да се види паркирано Ferrari, но сите минувачи сепак гледаат во овој автомобил.
Атрактивната надворешност е изработена од композит што вклучува засилувања од титаниум и фиберглас, додека дизајнот во голема мера го диктира посакуваната аеродинамика, како и потребата да се насочи воздухот за да се подобрат карактеристиките на возењето на активните компоненти.
Автомобилот е подеднакво посебен и внатре. Се напојува со водород и има најмалку два електрични мотори. Нема батерија, но има т.н. суперкондензатори. Официјалните податоци велат дека достигнува 96 км на час за 2,2 секунди и максимална брзина од 356 км на час. Опсегот со целосни резервоари за водород е дури 1.635 км, без вклучени соларни панели што се интегрирани во стабилизаторите.
Планот е да се започне со производство од следната година, наводно со серија од 300 примероци, а точната цена не е позната.