Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Анонимен купувач од Европа си се почестил со приватен остров крај брегот на Ирска за кој платил 6,3 милиони долари, без воопшто и да го посети островот пред да го купи.
Островот Хорс е продаден по преговорите што се одвивале главно преку WhatsApp, пишува Си-Ен-Ен. Неименуван Европеец видел само снимка од 157 акри земја на островот пред да го купи.
Островот бил седиште на мала индустрија за бакар во текот на 19 век. Имал најмногу жители во 1841, 137, но до 1960-тите го напуштиле сите негови жители, информира фирмата за недвижнини Montague Real Estate.
Сега нуди приватно пристаниште за фериботи и чамци, хелипад, куќа со теретана, тениско игралиште …. На островот има и електрична енергија, вода и канализација и патишта што водат до куќите.
„Продажбата за време на карантинот беше предизвик, затоа сме воодушевени од резултатот“, се вели во изјавата на Томас Балашев, основач и извршен директор на Montague Real Estate.
Иако многу зделки биле запрени поради пандемијата на коронавирус, побарувачката за приватни острови се зголемила. Брокерите и експертите од индустријата соопштија дека од март, потенцијалните купувачи и изнајмувачите ширум светот покажале зголемен интерес да избегаат на островот само за нив.