Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Канаѓанецот Џ.П. Наду го удрило гром додека држел говор на свадбата на неговата ќерка.
– Само што му реков на мојот зет: „Ти се среќник“ – бум!“, ја започна неговата необична приказна Наду. Освен белег на палецот, тој немал поголеми повреди, па свадбата продолжила.
Тој додаде дека неговата ќерка видела како громот удира во земјата, недалеку од него.
– Јас го држев микрофонот кога громот удри во звучникот и мојата рака наеднаш „светна“, видов искри. Изгледаше како да го држам громот во раце, беше неверојатно, рече тој.
Сите присутни биле изненадени во моментот, но свадбата продолжи.
– Беше убава свадба, но на момент изгледаше застрашувачки, раскажа неговата сопруга Меги Томас.
Наду додаде и дека во животот имал многу „среќи во несреќа“. Во 2015 година додека работел на еден крузер, избил пожар, па животот тогаш му го спасиле воздухопловните сили.
– Имав многу блиски средби со смртта, но смртта и понатаму ме игнорира, вели тој.