Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со посредство на инспекторите од секторот за сајбер-криминал, полициските служби од Дубаи успеаја да го идентификуваат и пронајдат мажот кој на улиците од оваа метропола се расфрлал со пари.
Мажот на социјалните мрежи објавил видео во кое се гледа како се расфрла со дирхами, а полицијата смета дека мотивот му бил за да привлече гледачи на социјалните мрежи. Мажот по приведувањето признал дека сакал со ова видео да добие лајкови и да стане познат на социјалните мрежи.
Сега на типот чиј идентитет не е откриен, освен тоа дека е Азиец, му се заканува казна затвор и парична казна од милион дирхами (250 000 американски долари).