Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кога веќе некоја историска личност ставаш во музеј, не можеш да очекуваш посетителите да се однесуваат поинаку со неа отколку со другите експонати, само затоа што бил опасно брутален негативец во историски контекст. А токму тоа изгледа сакаа да го постигнат челните лица од музејот во Индонезија.
Восочна фигура од нацистичкиот лидер Адолф Хитлер во природна големина беше отстранета од индонезискиот музеј. Причина за тоа беше големиот број посетители правеа селфи фотографии, смешкајќи се и позирајќи со наци вождот чиј восочен експонат беше изложен пред огромна фотографија од капијата на концентрациониот логор во Аушвиц.
Дури по реакциите на меѓународната заедница, De ARCA музејот на скулптури и уметности сфати дека тоа било навредливо за некого, пренесува ВВС.
Музејот, кој се наоѓа на островот Јава, соопшти дека нивната цел со поставувањето на експонатот била едукација на луѓето.
„Не сакаме да привлечеме и предизвикаме гнев и огорченост; изјави Џејми Мисбах, менаџер на музејот.
Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат како голем број луѓе позираат со нацистичкиот водач, меѓу кои и група момчиња облечени во портокалови униформи, кои го прават фамозниот нацистички поздрав.
Јавноста ширум светот е згрозена од чинот на споменатите посетители, бидејќи никој од нив не изрази жалење за истиот.
„Сè во врска со овој музеј е погрешно. Тешко е да се најдат вистинските зборови. Позадината е одвратна и ги исмева жртвите кои влегле во логорот и никогаш не излегле“, вели раби Абрахам Купер од организацијата за заштита на правата на Евреите.