Го совладаа солзите: Федерер „се скрши“ додека зборуваше за починатиот тренер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Славниот тенисерски ас Роџер Федерер „се скрши“ и се расплака среде интервју во очи претстојниот Australia Open турнир во Мелбурн.

20-кратниот Грен слем победник во интервју за CNN зборуваше за австралискиот тренер Питер Картер, кој извршил огромно влијание врз него на почетокот од неговата кариера.

Картер го тренираше Федерар како младинец, но почина во сообраќајна несреќа во 2002 година, без да дочека да го види Федерер како ја освојува својата прва Грен слем титула.

Федерер покажа дека таа трагедија сè уште има длабоко влијание врз него и дека тој, и над деценија и пол после несреќата, сè уште е под емоции кога зборува за Картер.

Прашан што Картер би помислил за неговите рекордни 20 Грен слем титули, Федерер „се скрши“ пред камерата и во солзи одговори: „Извини. Ох, сè уште толку многу ми недостига. Се надевам дека ќе беше горд“.

„Претпоставувам дека не сакаше да бидам залудно потрошен талент, па мислам дека неговата смрт беше некој вид на повик за будење за мене и тогаш почнав навистина напорно да тренирам“.

„Питер навистина беше многу важна личност во мојот живот, бидејќи мислам дека ако некому можам да му бидам благодарен за мојата техника денес, тоа е Питер“, додаде Роџер.

Како што тврдат од CNN, Федерер подоцна признал: „Боже мој, никогаш не сум се скршил вака“.