Го симна Ѓоковиќ од тронот: Рафаел Надал се искачи на врвот од АТП листата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Рафаел Надал повторно се најде на врвот од АТП листата, преземајќи го тронот од Новак Ѓоковиќ, кој иако го загуби првото место на официјалната листа, сепак, има шанси до крајот на оваа година да се врати на таа позиција.

Доколку Рафаел Надал го освоеше мастерсот во Париз, тој ќе ги решеше сите дилеми, но поради повреда се предаде во полуфиналето, Новак Ѓоковиќ стигна до триумф, па разликата помеѓу двајцата тенисери сега е 640 поени.

До крајот на сезоната се игра уште завршниот турнир во Лондон, на кој можат максимум да се освојат 1.500 бодови. Во првиот дел од турнирот, се доделува 200 бодови за секоја победа (има три меча), за славје во полуфиналето се добива 400 бодови, а тенисерот кој ќе триумфира во финалето добива уште 500 бодови.

Доколку Рафаел Надал ја санира повредата и се појави во Лондон, Новак Ѓоковиќ ќе треба да се надева дека Шпанецот ќе загуби еден натпревар, а тој ќе биде перфектен, ќе забележи пет победи кои ќе му донесат враќање на врвот на АТП листата и финиш на годината како број 1.