Го сака половина Европа, но тој е верен на Леверкузен: Брант стави потпис!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јулијан Брант е еден од најдобрите фудбалер во Бундес лигата и голема желба на европските гиганти, но тој реши да остане верен на Баер Леверкузен.

Имено, Брант денес стави потпис на нов договор и ја продолжи соработката со „фатмацевтите“ до 2021 година. Актуелниот договор му истекуваше во 2019 година, а во него имаше откупна клаузула од само 12,5 милиони евра.

Поради тоа Баер Леверкузен побрза да му понуди нов договор на крилниот напаѓач, со што ќе биде ревидирана и откупната клаузула.

Брант важи за идна голема ѕвезда на германскиот фудбал. Има 21 година и веќе 14 настапи за „панцирите“, а во Бундес лигата веќе запиша 126 настапи.

За него интерес покажуваа голем број на европски гиганти, но најсилен беше интересот на Ливерпул и неговиот сонародник Јирген Клоп.

Со новиот договор Леверкузен е во многу подобра позиција за преговори и сигурно нема да го пушти својот „бисер“ за сума помала од 50 милиони евра.