Го сака пола Европа, а тој тврди: Барселона е мојот сон!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на ПСВ и мексиканската репрезентација Ирвинг Лозано со своите добри партии го привлече вниманието на најголемите европски гиганти.

Лозано воодушеви со своите игри и на Мундијалот, но на крајот остана во ПСВ иако за него интерес покажаа Реал Мадрид, Барселона, Интер и Тотенхем.

„Барселона се распрашувала за мене, но нема ништо конкретно. Морам да признаам дека играњето во Барселона би било остварување на сонот за мене“, изјави Лозано.

Мексиканецот денес ќе игра токму против Барселона во дуел од Лигата на шампионите, па ќе има шанса да ги импресионира Каталонците и да си осигура трансфер на „Камп Ноу“.