Home Актуелно Го „решија“ убиството во Мала Речица: По 4 месеци затвор за обвинетите

Го „решија“ убиството во Мала Речица: По 4 месеци затвор за обвинетите

Ридван Дервиши, Лулзим Битри, Халил Камбери и Сабит Реџепи – четворицата обвинети за убиството кое на почетокот на април се случи во Мала Речица, се осудени на по четири месеци затвор, казна која е блиску до минималната казна за делото учество во тепчка.

Во споменатиот случај стануваше збор за вооружен инцидент помеѓу две ривалски групи од Куманово, кога беше убиен Наип Реџепи, додека Саби Реџепи и Флорим Мисини беа тешко повредени. Едната таканаречена група на Реџепи, а другата на Мисими, најпрвин започнале расправа околу изборот на претседател и членови во телата на ДУИ за град Куманово во партиското седиште на партијата во тетовска Мала Речица.

Потоа тие излегле надвор и расправијата преминала во вооружена престрелка во која се користеле безбол палки, секира, нож, палици но и огнено оружје при што Наим Реџепи беше убиен а повеќе лица беа потешко и полесно повреден.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…