Го препознавате кој е?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најомилените холивудски актери на нашето време, Кијану Ривс, ги збуни своите обожаватели со новиот имиџ. 54-годишниот актер моментално го снима филмот „Bill & Ted Face The Music“ и неговиот изглед е прилагоден на потребите за улогата која ја толкува.

Човекот кој ретко може да се види во јавност без кошула и коса до рамена, сега избричи дел од својата глава и пушти брада, па многумина коментираа дека актерот го сменил својот имиџ до непрепознатливост.

Уште не се знае дали Ривс имиџот го сменил само за филмските потреби или ќе го задржи и после снимањето на новиот филм.

Во секој случај, пораките кои му ги испраќаат неговите верни обожаватели, а ги има буквално цела армија на сите страни од светот, велат дека ако него му е ќеф да тера таков имиџ, тие се задоволни со тоа.