Славни

Го прекрши најважното правило на Мет Гала забавата

Американската старлета и ТВ ѕвезда, Кајли Џенер, го прекрши едно од најважните правила на престижната Мет Гала забава каде со своите колеги направи џамбо селфи.

Имено, една од организаторките на Мет Гала забавата строго забрани правење селфи фотки, а на самата церемонија е забранет и влез за медиумите.

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

Но, Кајли на својот Инстаграм профил објави колективно селфи од едно од вц-ата, на кое позира во друштво на други славни фаци. Крај неа се Ким Кардашија, Френш Оушн, Пи Диди, A$AP Rocky, Бри Ларсон, Парис Џексон, Ештон Сандерс, Лука Сабат, Лили Олдриџ и Мишел Монахан.

Не е познато дали Кајли ќе сносни некој вид на одговорност и казна за кршење на правилата и дали фотката која собра околу 3,5 милиони допаѓања ќе остане на нејзиниот профил.

Advertisements
To Top