Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Ниса Ларџ (28) беше една од седумте манекенки кои Џастин Бибер ги покани на својата јахта за време на австралиската турнеја.
Иако сите гости беа принудени да ги остават мобилните на страна и да потпишат договор дека нема да раскажуваат што се правело на јахтата, манекенката го прекрши тоа правило.
Ниса за Herald Sun изјави дека 23-годишниот пејач има толку многу созреано во периодот од минатата (2015) до оваа турнеја и дека бил доста љубезен. Манекенката вели дека Бибер овој пат бил повнимателен и порезервиран, дека едноставно разговарал со манекенките и пријателите и дека немало никакви разуздани лумпувања или размени на сексуални услуги.
Ниса вели дека разговарале за концертот и музиката, пиеле и играле разни игри, но тврди дека муабети за секс немало и дека ниту една манекенка не била доведена на јахтата за таква цел.