Го прегази и култниот „Avatar“: Овој филм ја оствари најголемата заработка во историјата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Култниот филм „Avatar“ од легендарниот режисер Џејмс Камерон е симнат од престолот за филм со најголема заработка во историјата на филмската индустрија. Новиот рекордер кој го прегази „Avatar“ во заработка е „Avengers: Endgame“, во режија на Ентони и Џо Русо.

„Големо фала на обожавателите од сите страни на светот кои овој филм го издигнаа во историски висини“, изјави шефот на Disney, Алан Хорн. „Влијанието на Avatar од Џејмс Камерон останува моќно, како и секогаш, дури и десет години после премиерата. Достигнувањата на двата филма се жив доказ за моќта на филмовите да ги трогнат и допрат луѓето и да ги обединат во заедничкото искуство“, додаде тој.

Претседателот на студиото Marvel, Кевин Фајги, таа информација ја објави на овогодинешната конференција Comic-Con во Сан Диего. „Avengers: Endgame“ во последните два дена на вкупната заработка додаде уште два милиони долари и со заработка од 2,79 милијарди долари го престигна „Avatar“ кој заработи фантастични 2,789.

BBC потенцира дека овие бројки не се прилагодени на инфлацијата. Оттука, Џејмс Камерон може да се теши со фактот дека, во случај на инфлациско прилагодување, неговиот филм и понатаму го држи првото место по заработка во историјата, а тука е и второто продолжение на „Avatar“ кое во 2021 година би можело да го надмине рекордот на Marvel.