Го пребарувала името на Google – ѝ се отвориле вратите од пеколот (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Досадувајќи се, една австралиска тинејџерка решила малку да се забавува и да си го „гугла“ сопственото име на интернет, не претпоставувајќи дека таа лежерна забава ќе се претвори во хорор и петгодишна пеколна правна битка.

Ноел Мартин од Перт имала само 18 години кога открила бизарни фото-монтажи од нејзини фотографии украдени од социјалните мрежи, обработени и објавени на страници поврзани со порнографија и сексуално експлицитни содржини.

„Тоа беше прилично понижувачки и болно за мене. Тој удар на достоинството не може лесно да се опише, буквално ве уништува како личност”, изјавила оваа, сега веќе, 23-годишна дипломирана правничка.

Како што рекла, некој на интернет ги земал нејзините фотографии за потоа да креира спорни фотографии и снимки, и после тоа ги објавил на Фејсбук.

Тоа што најмногу ја исплашило е фактот дека некои од фотографиите настанале на места на каде живеела и студирала.

„Имаше моменти кога по гледањето на тие фотографии само можев да лежам и да плачам во креветот. Не можам со зборови да опишам како се чувствувам кога прв пат го видов сето тоа. На некои фотографии се пишувало дека сум глупава крава. Дури и ме ставија на насловни фотографии на порно филмови, а на една од нив пишување „Третирај ме како курва“, напишала таа на социјалните мрежи.

Кога овој инцидент го пријавила во полиција, и кажале дека е самата виновна и дека треба да биде внимателна со фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи.

Инаку, во Австралија овој вид на малтретирање е во експанзија, па така секој петти Австралиец на возраст од 16 до 49 години е жртва на вакви или слични фотомонтажи