Го прашаа дали Анистон ќе му биде партнерка на доделувањето на Оскарите – еве што им кажа


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Откако фоторепортерите ги фотографираа како, за прв пат по 15 години, на срдечно поразговараа, насмевнати, на церемонијата за доделување на SAG наградите, медиумите повторно ја извадоа од нафталин љубовната приказна и историја на Бред Пит и Џенифер Анистон.

На меѓународниот филмски фестивал Санта Барбара завчера вечерта, новинарите го прашаа Бред Пит дали планира да ја однесе Џенифер Анистон на доделувањето на наградите на Академијата следниот месец, а неговата реакција ги воодушеви.

56-годишниот актер се смееше срдечно пред да одговори дека нема партнерка за на Оскарите и се повлече од пред микрофонот.

Вестите за поранешната брачна двојка се сè погласни по нивната средба во бекстејџот на доделувањето на наградите SAG во Лос Анџелес во текот на викендот. „Не знам, јас сум благословен како наивен и ќе останам таков“, изјави Бред Пит по забавата во Санта Барбара, тврдејќи дека не ги чита насловите. Подоцна додаде дека Џенифер му е добра пријателка.

Анистон и Пит беа во брак од 2000 до 2005 година, до времето кога актерот глумеше заедно со Анџелина Џоли во филмот ,,Г-дин и г-ѓа Смит”.