Го поздрави светот: Сефте кадро од новородената ќеркичка на Кристиано Роналдо


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Алана Мартина е четвртото дете, прво од позната мајка, за фудбалскиот ас Кристиано Роналдо, а гордата мама Георгина веќе се пофали на Инстаграм со новороденото бебенце.

„Многу сме среќни и сме му благодарни на Бог за здравјето на нашата Алана Мартина и се разбира, на нашите три други деца, кои ги опсипувам со прегратки и бакнежи. Прекрасно е да се види како мојата мајка ја смирува Алана Мартина во нејзината прегратка. Не би го заменила тоа чувство за ништо на светот. Ги сакам моите родители, го сакам моето семејство. Ви благодарам на сите!“, се дел од нејзините зборови во заблагодарувачката порака која ја напиша Георгина покрај фотката.

Роналдо ја сподели веста за раѓањето на девојчето со фотографија од болницата во Мадрид.