Го положи „тестот со вратата“ од Сони: Еве зошто Меган е „совршената“ жена за Хари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меган Маркл веќе ги освои срцата на сите обожаватели на британското кралско семејство, но секој изминат ден посветената публика на интернет наоѓа по уште некој нов момент кој дополнително ги зголемува импресиите од новопечената кралска снаа.

Според последниот таков кој го пласираа, Меган дефинитивно покажа дека е „совршена жена“ за принцот Хари, „поминувајќи го тестот за тоа“ кој беше дел од приказната во филмот A Bronx Tale.

Имено, кога после венчавката Меган влегуваше во Јагуарот, Хари кавалерски ја отвори вратата пред неа за таа да влезе во автомобилот. Но, Маркл веднаш му возврати со ист потег отворајќи ја за својот сопруг вратата од возачката страна за Хари.

Според експериментот на кој ликот на гангстерот Сони го учеше младиот Калоџеро како да препознае дали неговата девојка е „совршената“ за него во споменатиот филм, Меган дефинитивно го положи тестот за совршенство, тврдат обожавателите на новиот брачен пар на социјалните мрежи.