Home Наука и техонологија Го „појачал“ Тесла автомобилот со три млазни мотори

Го „појачал“ Тесла автомобилот со три млазни мотори

Интересна преработка на која вреди да се обрне внимание. Ако за ништо друго, тогаш за звукот.

Звукот на млазните мотори победува на почетокот, особено додека рачно се засилува потисокот и се чувствува дополнителна сила. Идејата била иницирана од идејата на Маск да понуди Roadster на млазен погон, па било само прашање на време кога некои од обожавателите на Tesla ќе направат слично решение на нивниот автомобил.

Мет Мика од Warped Perception’s го направил токму тоа, а потоа тргнал да го тестира ефектот на млазните мотори. Успешно одржувал брзина од речиси 100 km/h на автопат со помош на млазен погон, а потоа решил да го провери влијанието на забрзувањето.

Тесла достигнал 96 km/h за 4,38 секунди користејќи исклучиво електричен погон. Истото го повторил и во комбинација со млазни погони кога достигнал 96 km/h за само 3,32 секунди. Преправката очигледно функционира, и тоа многу добро..

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…