Го платија 30 милиони, одигра 15 минути, па заминува на позајмица!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Габриел Барбоса – Габигол ова лето пристигна во Интер како големо засиливање, но одигра само 15 минути и во јануарскиот преоден рок ќе го напушти „Џузепе Меаца“.

Иако до сега одбиваше да биде испратен на позајмица, неговиот агент потврди дека Бразилецот не е среќен во Интер и во јануари ќе ја промени средината.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Габигол го избрал Лас Паламас како негова следна дестинација и во јануари ќе замине на 6-месечна позајмица во шпанскиот клуб.

Интер е отворен да го испрати на позајмица Бразилецот но преферира тоа да биде во Италија (Емполи или Пескара) со цел Габигол да се навикне на италијанскиот фудбал и ритамот во Серија А.

Во секој случај Габигол останува мистерија како играч кој е платен 30 милиони евра во текот на една полусезона да добие минутажа од само 15 минути.