Го паузираше видеото за да види фризерот каква фризура сака – еве како го дуздиса


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Збунетиот фризер му избричи знак за „play“ на главата од еден клиент, бидејќи овој на видео му покажуваше каква фризура сака да му направи, па ја паузираше снимката за фризерот подобро да види како да го потстрижи.

Еден Кинез сакаше да има фризура како моделот од едно видео, но наместо топ фризура, доби хит фризура која стана вирална на социјалните мрежи.

Како што пренесува The Mirror, типот гледал една видео снимка додека чекал ред за потстригување, кога забележал еден машки модел со фризура која сака да ја има и тој. Тогаш ја паузирал снимката за да му покаже на фризерот каков фриз сака.

Фризерот учтиво го прашал дали сака фризурата да биде со триаголник (поради тригаолникот од знакот за „Play“ кој се гледал заради паузираната состојба на видеото), а муштеријата, без да сфати веднаш за какво триаголник станува збор, само кратко потврдил со „да“.

На крајот од потстригувањето добил фризура која стана хит на Weibo, а потоа и на останатите светски социјални мрежи.