Го откриваат карактерот: Што формата на вашите усни говори за вас?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Научниците и физиономистите сметаат дека усните се едно од најважните обележја на кое треба да обратите внимание при обидот да го процените карактерот на некоја личност.

Своите мисли најчесто ги изразуваме вербално и со тоа го откриваме својот карактер и психолошките посебности. Brightside се позанимава со формата на човечките усни за да провери колку е точно тврдењето дека тие го откриваат карактерот на личноста.

Големи и полни усни

Луѓето со вакви усни се создадени да се грижат за некого. Ако имате вакви усни, веројатно уште како дете сте хранеле и сте се грижеле за мачиња бездомници и сте сакале секое животно кое ќе го видите на улица да го одведете дома. Имате вроден силен мајчински инстинкт и потреба да ги заштитувате другите. Во стресни ситуации секогаш првин мислите на другите, па потоа на себеси. Луѓето со вакви усни најчесто се одлични родители.

Горната усна поголема од долната

Луѓето со вакви усни се драматични. Тие се емоционални, харизматични, го сакаат животот и привлекуваат внимание врз себе. Имаат високо мислење за себеси и поседуваат способност да ги привлекуваат другите. Тие едноставно сакаат да бидат во центарот на вниманието. Највпечатливите реченици и најинтересните шеги во друштвото најчесто доаѓаат од нив.

Долната усна поголема од горната

Бидете искрени: Едноставно не сте родени за канцелариска работа. Не ви е јасно како луѓето можат да седат затворени во просторија кога надвор има толку многу интересни работи. Луѓето со вакви усни знаат како да се забавуваат. Секогаш се во потрага по енергичен стил на живот, нови пријатели, непознати места кои можат да ги посетат и нови впечатоци. Љубопитни се, друштвени и секогаш отворени кон нешто ново. Тие се тип на луѓе кои ги водат другите по патот кон нови авантури.

Нормални усни

Луѓето со усни слични на овие често имаат избалансиран и рационален пристап во решавањето на задачите и предизвиците кои им се поставени. Нивната сила лежи во способноста да ги слушаат другите. Критиките не ги земаат при срце и другите ги третираат со почит. Речиси е невозможно да ги изнервирате, иако често сакаат да се смејат саркастично, а нивната чаша е секогаш полуполна.

Тенки усни

Луѓето со ваква форма на усните често се осамени и немаат ништо против тоа. Самите си се доволни на себеси и можат да се носат со сите проблеми. Ако имате тенки усни, веројатно сте личност која нема потреба од друштво додека оди во музеј или на одмор на некој егзотичен остров. Сепак, и покрај својата љубов кон осаменоста, се чувствувате добро и меѓу луѓето. Можете брзо да пронајдете заеднички јаизк со другите и ги цените луѓето според нивните дела.

Горната усна со изразена вдлабнатинка над неа

Многу сте креативни, а луѓето со вакви усни често се уметници или музичари. Имаат одлична меморија кога станува збор за лица и имиња, во контакт се со сите кои ги знаат и секогаш се свесни за случувањата околу себе. Друштвени се и настојуваат да се изразат во секоја смисла, како и да постигнат добри резултати во работата.

Горна усна со блага вдлабнатинка над неа

Ако имате вакви усни, веројатно сте сочувствителни, емоционални и љубезни. Несреќите многу ве вознемируваат и секогаш наоѓате време да им помогнете на другите. Помагањето на оние кои имаат помалку среќа од вас и грижата за другите се ваш животен повик. Поради луѓето околу вас светот е поубаво место.

Горна усна без вдлабнатинка над неа

Луѓето со вакви усни се најодговорните и најдоверливите кои ги знаете. „Направете го тоа дури и ако боли“ е нивното мото. Не го знаат значењето на зборот „невозможно“, а роковите воопшто не ги загрижуваат, сè постигнуваат на време. Нивните најдраги луѓе знаат дека во секоја ситуација можат да се потпрат врз нив. Тие се луѓе кои едноставно се појавуваат и горешаваат секој проблем во еден чекор.

Мали полни усни

Луѓето со вакви усни се коректни. Нивен главен приоритет во животот е нивното сопствено чувство на угодност. Ако сами не се погрижат за себеси, никој нема, така сметаат тие. На прв впечаток делуваат себични, но тоа не е вистина. Тие се сочувствителни и верни пријатели, луѓе кои секогаш им помагаат на другите. Никогаш нема да ги стават своите интереси пред интересите на другите, но нема да работат ни на своја штета.

Многу тенка горна усна

Луѓето со вакви усни се родени лидери, како низ нивните вени место крв да тече оган. Добри се во убедувањето на другите и се доста енергични. Нивниот успех е гарантиран, што и да се случи. Меѓутоа, тешко им е да одржат романтична врска, бидејќи подраго им е да станат некој и нешто отколку да бидат со некој.