Го освоија Париз па влегоја во отворена војна: Рамос и Пике не запираат со отровните стрели!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шпанија синоќаво Париз ја совлада Франција со 2:0 во пријателски натпревар, а во тимот на стоперските позиции, како и многу пати до сега, го одиграа Серхио Рамос и Жерар Пике.

Двајцата феноменални дефанзивци одлично се разбираат на теренот, се добри пријатели надвор од него, но големото ривалство меѓу Реал и Барса ги следи каде и да играат. Едноставно е невозможно да се побегне од провокациите од една и друга страна.

Па така Пике, додека сите после мечот зборуваа за победата на Шпанија, тој упати отровна стрела према клубот од Мадрид.

„Дали некогаш би играл во Реал? Не, бидејќи не ја почитувам вредноста на тој клуб. Немам проблем со играчите на Реал, но не ми се допаѓа кога гледам им одговара на луѓето кои ги влечат конците во државата. На пример, човекот кој одлучува за суспензијата на Меси е близок до Флорентино Перез, а погледнете само како се третира Нејар, а како Кристиано Роналдо околу даночните обвинувања. Многу играчи на Реал ги сметам за пријатели, но Реал како клуб не го почитувам“, изјави отворено Пике.

Барселона оваа сезона не е задоволна со судиите во Примера и често го напаѓа Реал дека има судиска помош.

„Судиите? А кога судиите и биле наклонети на Барса? Во Лига на шампиони? Аха, јас мислев дека ме прашувате во шпанското првенство. Во лигата помина доста време од некоја одлука во наша корист. А кога Реал ја освои Лигата на шампиони со гол од офсајд на Рамос, никој не рече ништо. Ние веќе подолго време бараме видео технологија, но таа ќе се воведе во првенството само ако биде облечена во бело“, саркастичен беше Пике.

Веднаш стигна одговор од Рамос, кој соврешено се разбора со Пике во одбраната, но надвор од теренот мора да води полемики со него,

„Тоа што го зборува Пике нама да го промени Реал Мадрид. Тоа нема да ни ги одземе сите тие години и титули. Едноставно, тоа е дел од карактерот на Пике и не е важно. Нема да го менуваме сега кога има 30 години. Мораме да уживаме во него како фудбалер бидејќи е одличен. И ќе му порачам почесто да носи бел дрес, многу добро му стои“, го „боцна“ Рамос својот партнер од одбраната.