Го остави да си игра со нејзините гради – сите ја нарекуваа „ одвратна и болна“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Канадската манекенка Тили Медленд се најде на мета на критики од страна на интернет заедницата поради видеото кое таа го сподели на Инстаграм.

Снимката на која малото дете си игра со градите од манекенката предизвика лавина од негативни коментари на нејзина сметка, во кои манекенката ја нарекуваат „одвратна перверзничка“, „болна“ и со други погрдни имиња. А дали навистина станува за толку вознемирувачка сцена или за невино внимание од страна на малиот, проценета сами од видеото.

„Одвратно е тоа што не го спречи. Да стануваше збор за мало девојче кое чепка со раката во панталоните од некој маж, луѓето би полуделе. Ти си перверзна“, е само еден од мноштвото осудувачки коментари на видеото кое има огромна прегледаност на Инстаграм.

A post shared by Tillie Medland (@tilliemedland) on

Канадската манекенка, за која целата ситуација е смешна и забавна, не ни насетуваше дека ќе следува онлајн „линч“ кога ја објави снимката. Видеото на Инстаграм го сподели и нејзиниот партнер, Мајкл Завет, кој во описот на објавата се пошегува дека во неговото семејство суптилноста не е баш силна страна, откривајќи дека малиот од снимката, всушност, е негов внук.

Иако не постојат никакви назнаки и индикации дека на снимката се случува нешто непристојно, тоа не ги спречи онлајн „борците за правда“ да ја нападнат со осуди манекенката.