Го одбивале на 30 различни работни места, а денес е еден од најбогатите луѓе на светот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џек Ма денес е еден од најбогатите луѓе на светот, но на почетокот од својата кариера се среќавал со бројни порази и неговиот пат до успехот е трнлив и напорен.

Во училиште не му одело баш најдобро, повеќе пати се пријавувал на неколку факултети, но не го примале. Подоцна се пријавил на триесет различни работни позиции и секогаш бил одбиван. Еднаш, од десетина пријавени, Џек бил единствениот кого не го примиле.

Потоа се обидел со две различни делови вложувања, но и тоа пропаднало. Сепак, таквата низа неуспеси не го поколебала и во 1995 година цврсто се одлучува да ја основа првата eCommerce компанија во Кина.

На 21 февруари, 1999 година собира 17 свои пријатели и пред нив ја одржува својата презентација за неговите планови. Сите тие знаеле за неговите претходни неуспеси, но Џек им ја опишал својата визија и ги замолил да вложат пари во неговата идеја.

На крајот, сите 17 луѓе вложиле вкупно 60.000 долари поради една единствена причина – бидејќи самиот Џек верувал дека ќе успее. И имал право. Неговата компанија Alibaba стана светски гигант во областа на eCommerce компаниите и вреди 108 милијарди долари.