Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ноел Мартин од Перт доживеа голема непријатност кога на Гугл покрај своето име здогледала лажни порно-фотографии и ескплицитни снимки. Јасно беше дека станува збор за фотомонтажа, но за една 18-годишна девојка тоа е ужасно искуство.
„Прилично понижувачки. Тоа беше удар на достоинството, кое дословно ве деградира како личност“, објаснува Ноел за Дејли Меил.
Некој на фејсбук ги зел нејзините фотографии и тоа направи монтажа, а она што нејзе најмногу ја исплашило е тоа што нејзините фотографии излгедале уверливо, бидејќи биле настанати на места каде Ноел живеела и студирала.
„Кога ги видов, посакав да плачам во креветот и не излегувам од собата. На некои фотографии пишуваше дека сум „глупава крава“. Дури ме ставиле и на насловна фотографија на порно-филмови“, признава Ноел.
Кога овој инцидент го пријавила во полицијата, и кажале дека е самата виновна и да биде внимателна со фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи. Во Австралија дигиталното насилство моментално е во експанзија, толку што секој петти Австралијанец помеѓу 16 и 49 години е жртва на насилство на интернет.
Од овој скандал минале 5 години, се е за среќа заборавено, а Ноел е сега 23-годишна дипломирана во областа право.