Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Изреволтиран муштерија кому во фирентинското кафуле Ditta Artigianale му наплатиле две евра за еспресо без кофеин, го пријавил случајот во полиција со жалба дека цената не била јасно истакната на пултот.
Оваа грешка сопствениците на кафулето ги чинеше 1.000 евра казна за локалот кој е познат по доброто кафе и по освоени награди, пренесува „Гардијан“.
Газдата на локалот, Франческо Санапо, луто ја коментирал казната на социјалните мрежи и го бранел кафето што го нудат, а кое доаѓа од мала плантажа во Мексико и „со големо внимание го подготвуваат неговите баристи“.
– Ме казнија затоа што некој се навреди што платил две евра за кафе. Дали ви се верува? Денес секој може да се изнервира и да ја мобилизира полицијата која ќе не казни за застарениот закон – изјави Санапо, држејќи ја казната од полицијата.
Во Италија просечната цена на еспресото е едно евро, иако повеќето кафулиња и барови неодамна ги зголемија цените поради проблеми со снабдувањето и повисоките цени на кафето.
Групите за заштита на потрошувачите предупредија дека просечната цена на еспресото оваа година би можела да порасне до 1,5 евра, пишува „Гардијан“.