Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Кинески сад, кој неговиот сега веќе бивш сопственик го купил на распродажба за 35 долари, откако подоцна бил идентификуван како редок предмет од династијата Минг, беше продаден на аукција во Њујорк за над од 720.000 американски долари, објави аукциската куќа Сотби.
„Исклучителниот и редок“ сино-бел сад за цвеќе од династијата Минг, која што владеела од 1368 до 1644 година, е купен минатата година на распродажба во Конектикат за околу 35 американски долари, соопшти аукциската куќа.
Купувачот им го дал садот на кинеските експерти од Сотби за проценка. Прво им испратил фотографии, а потоа го однел садот во аукциската куќа за подетален преглед.
#AuctionUpdate: The discovery of a lifetime: moments ago in our NY salesroom, a Ming dynasty, Yongle period exceptional & rare blue and white ‘floral’ bowl, originally purchased for $35 at a Connecticut yard sale last year, reached $721,800 – surpassing its $500,000 high estimate pic.twitter.com/nxBl2VLYQU
— Sotheby’s (@Sothebys) March 17, 2021
Експертите велат дека е насликан за дворот на царот Јонгл, третиот император на династијата Минг, кој владеел од 1402 до 1424 година.
Само шест такви чинии преживеале од тој период и повеќето од нив се наоѓаат во сопственост на најголемите музеи во светот.
Пред аукцијата, неговата вредност била проценета на 300 000 до 500 000 долари, а се продал за 721 800 долари. Идентитетот на продавачот и купувачот не е објавен.