Го јачеше својот Lamborghini во чест на победата од Виетнам – брзо зажали за тоа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден анонимен Виетнамец сакал на својски начин да ја прослави победата на репрезентацијата на Виетнам над Филипините со 2:1, па сметаше дека јачењето и бесното турирање на неговиот црвен Lamborghini е доволно достоинствен начин за тоа.

Но, силниот мотор на „Ламбашот“ толку се загреал , што од ауспусите почнал да излегува оган. И да биде несреќата поголема , огнот се допрел со бензинот што истекол по улицата и задниот дел на скапиот Lamborghini пламнал , особено деловите од пластика.

За среќа, случајните минувачи и возачи застанале и му помогнале на момчето да го изгасне својот луксузен и силен автомобил.