Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Основачот на гигантот „Amazon.com Inc.“, милијардерот Џеф Безос официјално стана најбогатиот човек на планетарно ниво во модерната историја на човештвото.
Богатството на основачот на „Amazon.com Inc.“ вчера надминаа 150 милијарди долари, според индексот на милијардери на „Bloomberg“. Тоа е околу 55 милијарди повеќе од коосновачот на „Microsoft Corp.“, Бил Гејтс, кој е втор најбогат човек во светот.
54-годишниот Безос е пред Гејтс според износот на богатство и објавената инфлација. Богатството на Гејтс, кое накратко достигна 100 милијарди долари во 1999-та година на врвот на „бумот“ на „dotcom“, сега ќе изнесуваше околу 149 милијарди долари.
Ова го прави главниот извршен директор на „Amazon“ побогат од било кој друг барем од 1982-ра година, кога „Forbes“ за прв пат ја објави ранг-листата на најбогатите луѓе.
Богатството на Безос ја надмина границата од 150 милијарди долари, додека „Amazon“ се подготвуваше да ја започне традиционалната продажба на „Prime Day“, која траеше 36 часа и моментално работи. Цената на акциите на компанијата се зголемија вчера до 1.825,73 долари, што е зголемување на 56 отсто во 2018-та година, а со тоа Безос дојде до лично богатство од речиси 151 милијарда долари.
Неговото богатство скокна 52 милијарди долари во оваа година, што е повеќе од целото богатство на Мукеш Амани, која неодамна стана најбогатиот човек во Азија. Безос е близу до богатството од 151,5 милијарди долари на семејството Волтон, кое е најбогатото во светот.
„Тешко е да се замисли ова“, вели Мајкл Кол, извршен директор на „Cresset Family Office“, цитиран од „Yahoo Finance“. „Тоа е огромна сума“.
Според извештајот на Федералните резерви на САД, најбогатите 1% од Американците контролирале 38,6% од американското богатство во 2016-та година, во споредба со 22,8% од 90% од најсиромашните.
По Безос, индексот на милијардери на „Bloomberg“ го вклучи Гејтс со 95,5 милијарди долари и Ворен Бафет со 83 милијарди долари.
Богатството на Гејтс би надминало 150 милијарди долари ако не се неговите донации, главно преку фондацијата основана од него. Тој донираше речиси 700 милиони акции на „Microsoft“, како и 2.9 милијарди долари во готовина и други средства од 1996-та година.