Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Макс Верстапен го издржа притисокот на Карлос Саинц во последните 15 круга и ја забележа првата победа во Монтреал за Големата награда на Канада. Трет на подиумот беше Луис Хамилтон.
Макс Верстапен ја зголеми предноста во генералниот пласман на 46 бода откако синоќа триумфираше на ГН на Канада.
Безбедносно возило во последната третина од трката донесе возбудливи финиш, Карлос Саинц 15 круга го притискаше Макс Верстапен, но Холанѓанецот не направи ниту една грешка и се радуваше на првата победа во Монтреал.
Третото место на пиедесталот му припадна на Луис Хамилтон, кој во петокот се жалеше дека неговиот болид е катастрофа.
Џорџ Расел заврши како четврти, а позицијата број пет му припадна на Шарл Леклер, кој статруваше како последен.
Во бодови уште завршија Естебан Окон, Фернандо Алонсо, Валтери Ботас, Жу Гуанју и Ленс Строл.