„АС“ го избра Барди во Топ 5 трансфери во Примера!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Угледниот шпански весник „АС“ денес ги избра најдобрите пет трансфери во Примера за оваа сезона, а меѓу нив е и македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Леванте минатото лето за сума од 1,5 милиони евра го купи Барди од унгарски Ујпешт и тоа се покажа како полн погодок.

Македонскиот репрезентативец одигра одлична сезона, а особено се истакна на мечот против Барселона кога постигна два прекрасни гола. Вкупно постигна 9 погодоци на 25 меча во Примера.

Моменталната вредност на Енис Барди на фудбалскиот пазар изнесува најмалку 10,5 милиони евра, па ова е уште едно признание за добрите игри на мекедонскиот репрезентативец.