Го исполни ветувањето: Шестиот најскап играч на сите времиња се врати во саканиот клуб!

27.11.2016., Arena Zagreb, Zagreb - Finale Davis kupa, Hrvatska - Argentina, Ivo Karlovic - Federico Delbonis. Photo: Igor Kralj/PIXSELL

Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Легендарниот аргентински фудбалер, Хуан Себастиан Верон повторно се врати на терените, а неговите нови соиграчи останаа импресионирани од неговата форма.

„Ако навивачите купат 65% од сезонските билети за нашиот нов стадион, ќе се вратам“, му вети Верон на претседателот на Естудиантес.

Навивачите го направија своето, а 41-годишниот Аргентинец го одржа ветувањето и вчера го одработи првиот тренинг. Најпрво тренираше одвоено, а потоа со остатокот од екипата, која ја води Нелсон Вивас.

„Го гледам во формација 4-2-3-1 позади напаѓачот, тоа би била неговата улога. Неговото искуство многу ќе ни помогне“, истакна Вивас.

Соиграчите останаа имперсионирани од формата на поранешниот аргентински репрезентативец.

„Па ова е неверојатно. Човекот не погреши ни едно додавање. Ист е како некогаш“, изјави играчот на Естудиантес, Јулијан Маркиони.

Верон кој во кариерата играше за Бока Јуниорс, Сампдорија, Парма, Лацио, Челзи, Интер и Манчестер Јунајтед за неколку месеци ќе наполни 42 години.

Тој би требало на почетокот на следната календарска година да настапи на неколку пријателски натпревари, пред и официјално да се врати на натпреварот од Копа Либертадорес.