Славни

Го исчисти Инстаграм профилот и фановите ги поздрави со Alaikum salam – Лохан премина во ислам?

Линзи Лохан направи нешто што ги изненади нејзините обожаватели. Имено, таа го исчисти целиот профил на Instagram, односно ги избриша сите фотографии. Во описот на профилот напиша „Alaikum salam“ што значи „Мир со вас“.

Иако Линдзи се уште јавно не се огласила за нејзиниот најнов потег, американските медиуми веќе почнаа да претпоставуваат дека таа преминала во исламот. Пред две години изјави дека го прочитала Куранот кој и отворил врата од нов свет.

„Мои блиски пријатели од Лондон и Саудиска Арабија ми го дадоа Куранот, кој го земав со мене во Њујорк и учев токму од него. Тоа ми ја отвори вратата на спознавањето на духовноста и на начинот да пронајдам која сум јас“, изјавила Линдзи при гостување во една емисија.

Таа беше мошне активна на социјалните мрежи, а само на Instagram ја следат околу 6 милиони луѓе.

Advertisements
To Top