Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во засилена акциска контрола спроведена од мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, беа санкционирани 144 возачи.
Од казнетите, 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, односно околу 200 километри на час.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, а МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.