Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Левиот бек на Шалке, Сеад Колошинац на лето ќе биде слободен агент, па неколку европски гиганти се интересираат за неговиот потпис.
Во зимскиот преоден рок Јувентус, Челзи и уште неколку други клубови се обидоа да го донесат Колошинац, но Шалке ги одби сите понуди и ќе го пушти играчот без обештетување следното лето.
Италијанските медиуми тврдат дека Колошинац веќе го избрал својот нареден клуб и од следното лето ќе го носи дресот на „старата дама“.
Босанецот во наредните денови ќе пристигне на медицински прегледи во Торино и ќе потпише пред договор, а во јуни и официјално ќе стане нов член на италијанскиот шампион.