Гневен на Украина: Сигал тврди дека, покрај црн појас, сега има и црна листа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Американскиот актер и мајстор по боречки вештини Стивен Сигал иронично реагираше на забраната за влез на територијата на Украина.

„ Покрај црн појас, сега имам и црна листа“, изјави Сигал.

Службата за безбедност на Украина му забрани на актерот, кој има руско државјанство, влез во земјата на пет години поради безбедносни закани и го стави на црна листа.

Сигал (65) е државјанин на Русија од ноември 2016 година. Тој неколку пати јавно ја поддржа анексијата на Крим од страна на Русија.

Актерот тврди дека има руско и монголско потекло.