Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На синоќешниот дуел меѓу Тотенхем и Баерн Минхен во рамки на Лигата на шампионите, германскиот фудбалски гигант буквално го растури англискиот тим среде Лондон со неверојатни 7-2. А посебна вечер за паметење имаше играчот на Баерн, Гнабри, кој постигна четири гола во второто полувреме.
Натпреварот почна одлично за англискиот тим, по само 12 минути игра поведоа со гол на Сон, во тој момент никој не веруваше дека може да им се случи дебакл.
Само три минути подоцна Кимих со убав шут од далечина изедначи на 1-1, а пред самиот крај на првото полувреме Левандовски погоди за комплетен пресврт и водство на Баерн Минхен од 2-1.
Во второто полувреме Гнабри набрзина даде два гола и Баерн поведе со 4-1, Кејн од пенал во 61 минута намали на 4-2 и донесе мала надеж на Тотнем дека може да се спасат, но таа брзо згасна.
Во 83. минута Гнабри одново реализира за негов хет-трик и водство на Баерн од 5-2, четири минути подоцна Левандовски го постигна шестиот гол за Баварците, а во следниот напад печат стави Гнабри со својот четврти гол за конечни 7-2.
Црвена звезда со 3-1 го совлада Олимпијакос. Грците поведоа со погодок на Самедо по грешка на голманот, така заврши првото полувреме
Во вториот дел Бензиа заработи втор жолт картон кај Олимпијакос и тоа можеби беше клучниот момент во мечот.
Вулиќ во 63. минута изедначи на 1-1, Милуновиќ во 87. погоди за пресврт и водство на Звезда од 2-1, а триумфот го потврди Боаче во 90. минута.
Динамо Загреб долго одолеваше на нападите на Манчестер Сити, но на крајот го положи оружјето. Стерлинг во 66. и Фоден во 95. погодија за победа од 2-0.
Јувентус со 3-0 го совлада Баер Леверкузен, Игуаин, Бернардески и Роналдо ги постигнаа головите.
ПСЖ со деби голот на Икради го победи Галатасарај во Истанбул со 1-0, Атлетико Мадрид со голови на Жоао Феликс и Томас со 2-0 славеше кај Локомотив Москва.