Глечерите на Хималаите се топат двојно побрзо отколку пред 19 години


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фрапантен е податокот и фактот дека, за разлика од почетокот на 21. век, денес, 19 години подоцна, ледениците на Хималаите се топат двојно побрзо, алармираат научниците.

Повеќе од една четвртина од мразот е стопена во последните 40 години, а тоа значи катастрофални последици за околу милијарда луѓе во регионот, кои би останале без вода. Научниците ги комбинирале резултатите добиени со анализа на сателитските снимки на САД, од кои е симнат знакот за доверливост и настанале во 70-тите години на минатиот век. На тој начин направиле детален попис на промените на планинскиот венец долг 2 000 километри.

Со анализата било утврдено дека секоја година се губат 8 милијарди тони мраз , кој не се заменува со нов снег , а ледниците на пониските места се намалуваат и за пет метри годишно. Научниците сметаат дека тоа е директен резултат на глобалното затоплување.

 

Професорот Џошуа Маурер од Универзитетот Колумбија, кој го раководи истражувањето вели дека станува збор за најуверлив доказ за топење на ледниците на Хималаите од 1975 до сега.

Најмалку третина од мразот на Хималаите ќе се стопи до крајот на векот, па дури и доколку се преземат драстични мерки за намалување на количеството на штетни гасови.

Ако ништо не се преземе, ќе се стопат две третини од глечерите, што ќе има огромно влијание на големите реки во Индија, Пакистан и Кина, од каде водата е главен извор за опстанок на околу милијарда луѓе.